Често поставувани прашања

Прашањата поставени од страна на лицата за транзиција со адекватните одговори се категоризирани во неколку области. Со притискање на една од  категориите која е предмет на ваш интерес ке можете да ги погледнете веќе поставените прашања.

  • Организација
  • Обуки
  • Финансии и
  • Вработување и самовработување.
Организација

Дали може да користам обуки ако не сум присуствувал на транзициски семинар?

Посетатата на транзицискиот семинар е услов за користење на останатите бенефиции предвидени со Програмата „ЛЕПЕЗА“ и правилниците со кои е уредена транзицијата.

Договорот за работа ми заврши пред еден месец. Ме интересира дали сега можам да се вклучам во процесот на транзиција, бидејќи до сега не знаев дека постои таква можност?

Во процесот на транзиција можете да се вклучите иако ви престанал работниот однос. Согласно член 46 од Законот за изменување и дополнување на Законот за служба во АРМ (Сл.Весник на РМ 23/11) ќе можете да се вклучите во процесот на подготовка за враќање во цивилен живот и да ги искоростите бенефициите од процесот.

Дали обуката за која ќе се одлучам ќе ја посетувам за време на службата во АРМ или потоа?

Согласно член 215-а од Законот за служба во АРМ имате право и можност обуката да ја посетувате и завршите за време на последните 6 месеци од активната служба.

Дали по потпишување на договорот за стручно оспособување сме ослободени од работа?

Во договор за стручно оспособување за цивилна професија меѓу Министерството за одбрана и вас, точно се прецизира временскиот период кога треба да се реализира обуката. Во согласност со договорот ќе добиете решение за разрешување од должност за време на  реализацијата на стручното оспособување. Во овој период сте ослободени од работните оврски во единиците, а ве следуваат сите принадлежности од работното место.

Дали доколку со предвидената програма не го положам испитот можам да добијам дополнителни часови бесплатно?

Со договор за стручно оспособување за цивилна професија не се предвидува дополнителен фонд на часови. Програмите според кои се спроведуваат стручните оспособувања се стандардизирани од страна на образовните институции, според кои фондот на часови обезбедува стекнување на потребните знаења и вештини за успешно завршување на стручното оспособување.

Кога и каде можам да земам потврда дека сум бил во работен однос во АРМ која ми е потребна за користење на бенефициите преку Агенцијата за вработување?

Ваква потврда ќе ви биде доставена по службен пат, преку персоналните органи во командата/единицата, пред истекот на вашиот договор за работа.

Обуки

Дали може да ја сменам одлуката за видот на обуката?

Одлуката за промена на видот на обуката е можна до моментот на поднесување на барањето за обука.

Ако не го положам испитот предвиден со обуката и проценам дека не ми треба истата може ли да се откажам и дали ке има последици за мене?

Доколку се откажете од обуката, ја прекинете или не ја завршите успешно, нема да има финансиски импликации по вас, но ги губите сите останати права од Програмата за транзиција „ЛЕПЕЗА“.

Дали висината на финансиски средства за стручно оспособување е  лимитирана на одредена сума?

Секое лице за транзиција може да избере една од предложените обуки, во максимален износ до 1000 евра, во денарска противвредност.

Дали може да се искористат повеќе видови на обуки, во висина до 1000 евра?

Секое лице кое е вклучено во процесот на транзиција може да користи само еден вид на обука, по свој избор, без оглед на цената на самата обука.

Финансии

Во случај да ми го продолжат договорот за работа дали ке треба да ги надоместам трошоците за обуката за која сум се определил и која сум ја завршил?

Не, нема да мора да надоместувате никакви трошоци, но ќе бидете во категоријата на лица кои го искористиле пакетот за преквалификација во рамките на програмата за транзиција.

Дали во текот на реализацијата на стручното оспосбување ќе имаме финансиски трошоци?

Во текот на обуката можат да се појават административни и патни трошоци во зависност од местото на изведување на обуката. Сите административни и патни трошоци настанати во текот на обуката ќе ви бидат рефундирани по завршување на истата. Рефундирањето на потрошените финансиски средства може да го остварите преку центрите за транзиција со поднесување на барање за рефундирање на патни и административни трошоци.

Вработување

Можете ли да ни помогнете да добиваме навремени информации за фирми кои огласуваат слободни работни места?

Врз основа на барања на заинтересирани работодавачи, центрите за транзиција организираат посредување за вработување. Доколку ги исполнувате бараните услови од страна на работодавачот (квалификација, дополниутелни вештини, место на живеење и сл) ќе ви биде овозможен контакт со работодавачот.

Дали може да се добијат парични средства како помош за започнување со сопствен бизнис?

Да. Финансиски средства за започување со сопствен бизнис се обезбедуваат преку Агенцијата за вработување на Република Македонија, за поранешните професионални војници. Постапката за добивање на грантови за самовработување е објаснета во делот на Веб страницата „Вработување и самовработување“

Дали преку центрите за транзиција можам да дојдам до ново вработување во цивилни институции?

Да, доколку го искористите правото за поддршка за  вработување кое се реализира преку Агенција за вработување на Република Македонија. Постапката за добивање на поддршка за вработување е објаснета во делот на Веб страницата „Вработување и самовработување“

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail