Студии

Прв циклус на студии

На прв циклус студии на Академијата може да се запише лице кое положило државна матура или меѓународна матура и ги исполнило условите за запишување на студии од Законот, Статутот и правилникот за запишување на Воена академија.

Право на упис на прв циклус на студии можат да имаат и лицата кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образование со четиригодишно траење и кои ги исполнуваат условите за запишување на студии од Законот и Статутот на Воена академија.

Првиот циклус на студии на Академијата трае четири години и со неговото завршување се стекнуваат 240 ЕКТС кредити. Овие студии ги оспособуваат питомците и студентите за вработување на одредени стручни работни места или за влез во вториот циклус на универзитетски студии. Лицето кое ги завршило студиите се стекнува со диплома со додавка на соодветната струка, ако со Закон поинаку не е уредено.

Во меѓународната употреба и дипломата на англиски јазик, академскиот назив по завршување на првиот циклус на студии е baccalaureus, односно baccalaurea.

Питомците имаат право да повторуваат само еднаш за време на студиите на Академијата. Студентите од прв циклус на студии, за потребите на управувањето со кризи и заштитата и спасување, имаат право да ги завршат започнатите студии според студиската програма на која се запишале, во период најмногу два пати подолг од пропишаното траење на студиите.

Доколку по истекот на рокот настане измена на студиската програма, питомецот, односно студентот може да ги продолжи студиите по изменетата студиска програма врз основа на општ акт на Академијата. Доколку по истекот на рокот студиската програма згасне, питомецот, односно студентот може стекнатите кредити за одредени предметни програми да ги пренесе на друга студиска програма и да ги продолжи студиите врз основа на општ акт на Академијата. Доколку по истекот на рокот не настане измена, односно згаснување на студиската програма, питомецот, односно студентот може да ги продолжи студиите на студиската програма на која се запишал.

Студиите на Академијата за стекнување на образование од прв циклус на студии за потребите на Министерството и Армијата се организираат како редовни студии, а студиите за потребите на управувањето со кризи и заштитата и спасувањето може да се организираат како редовни студии.

Наставната програма на ДДС овозможува:
– Основно познавање на општествени, природно-математички, технички и воени науки
– Компјутерски познавања
– Изучување на странски јазици (Англиски + друг изборен јазик)
– Високо ниво на експертиза на тактичко ниво
– Физичко воспитание
– Подготовка за првите командни и останати должности

Елаборат за прв циклус на студии – Воена академија

Втор циклус на студии

Услови за запишување на универзитески студии од II циклус (специјализација и магистратура):
– Се утврдуваат за секоја студиска програма засебно
– Поблиски информации содржи конкурсот за запишување
– Основен услов е кандидатите да имаат завршено соодветни универзитески студии од I циклус во траење од најмалки 8 семестри и имаат освоено најмалку 240 кредити (ЕКТС)
– За одредени програми, пред се од делот на специјализацијата, предвидени се посебни услови кои се пропишани со Статутот на Воената академија.
– Наставата на универзитески студии од II циклус (специјализација и магистратура) се изведува преку предавања, консултации, изработка на семинарски работи, практични вежби, решавање конкретни тактички задачи и ставање во улога при извршување конкретни задолженија.
– Испитите се полагаат по завршување на семестарот и кога кандидатот ќе ги исполни обврските на предметната програма и критериумите на ЕКТС.
– Последниот семестар е предвидена изработка на специјалистички/магистерски труд и истите подлежат на јавна одбрана.
– После завршувањето на универзитески студии од II циклус кандидатот стекнува за завршени магистерки студии 60 кредити, а за завршена специјализација 40 кредити според ЕКТС.
– Со завршување на магистерските студии се добива диплома со назив магистер по менаџмент со одбранбено-безбедносни ресурси од соодветната област на студиската програма
– Со завршување на специјалистичките студии се добива диплома со назив специјалист за соодветната насока (специјалист за командни и штабни должности и специјалист за заштита и спасување).
– Студентот кој успешно ќе ги комплетира студиите од II циклус според програмата за магистратура, се здобива со право директно да продолжи со студирањето во III циклус до стекнување на академски степен – доктор на науки.

СТУДИИТЕ ВО II ЦИКЛУС СЕ ОРГАНИЗИРАТ КАКО:

Научни студии (магистратура) – подготовка за научно-истражувачка дејност во определена област и обработка на современите аспекти на таа област, се организира за следните насоки – наставно-научни области:
– Безбедност и одбрана;
– Управување со кризи и заштита и спасување

Стручните студии (специјализација) – продлабочено студирање на определена област и развивање на практичните компетенции, се изведува во насоките:
– Специјализација за командни и штабни должности;
– Специјализација за заштита и спасување.

повеќе: Извадок од студиска програма за II циклус – Воена академија

 

МАГИСТРАТУРА ОД ОБЛАСТА НА УПРАВУВАЊЕТО СО КРИЗИ И ЗАШТИТАТА И СПАСУВАЊЕТО

МАГИСТРАТУРА ОД ОБЛАСТА НА БЕЗБЕДНОСТА И ОДБРАНАТА

СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА ЗА КОМАНДНИ И ШТАБНИ ДОЛЖНОСТИ

СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА И СПАСУВАЊЕ

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail