Ј-5 Воено планирање и структура на сили

полковник ИВИЦА Панче АМПОВ

nacalnik na j-5 ampov ivica
Датум и место на раѓање:

Роден 31.10.1969 година во Кратово, Р. Македонија. Оженет, татко на две деца. Во АРМ од 1994 година.

Образование:

  • Воздухопловна Воена Гимназија во Мостар, БиХ;
  • В.А. ген. “Михајло Апостолски”- 1994 година, завршил како прв во генерацијата. – Командно – Генералштабен Колеџ во Армијата на САД, во Форт-Левенворт Канзас -2003/2004;
  • Школа за Национална Одбрана во САД во Вашингтон Д.Ц (College for International Security Affairs);
  • Магистрирал на меѓународни безбедносни студии на Школата за Национална Одбрана (College for International Security Affairs – Master of Art in International Security Studies);
  • Национален одбрамбен Универзитет / Национален воен колеџ 2008-2009.

Професионален развој – должности кои ги извршувал:

  • Началник на Ј-5/  ГШ на АРМ 2012
  • ИСАФ /НАТО тренинг мисија- АНА (Школо за воена полиција)- Заменик воен советник и началник на штаб, Кабул; 2011/2012
  • Моментално на должност Началник на Г-2 во ГШ на АРМ од 01.10.2009 год.
  • Началник на Одделение за контраразузнавање и безбедност во Г-2 во ГШ на АРМ, Скопје – од 2006 -
  • Началник на Одделение за контраразузнавање и антитероризам во Г-2 во ГШ на АРМ, Скопје- од 2004 -2006;
  • Офицер за контраразузнавање и антитероризам во Одделение за контраразузнавање и антитероризам во Г-2 во ГШ на АРМ, Скопје – 2003-2004;
  • Офицер за физичка безбедност во Одделение за Заштита на сили во Г-2 во ГШ на АРМ, Скопје – 2002-2003;
  • Заменик Командант на баталјон на Воена полиција во баталјонот на Воена полиција, во Скопје – 2001- 2002;
  • Командир на Центар за обука на Воена полиција во баталјонот на Воена полиција, во Скопје – 1998 -2001;
  • Заменик командир на Центар за обука за Воена полиција во баталјонот на Воена полиција, во Скопје – 1997-1998;
  • Командир на воено полициски вод во бВПл, во Скопје – 1994-1997;
  • Командир на Сообраќаен вод во баталјонот на Воена полиција, во Скопје – 1994 г.

Останати Вештини и активности:

  • Англискиот јазик потполно го владее.

Курсеви:

  • Англиски јазик- Cambridge програма (First Certificate in English), Скопје – 1994;
  • ТОЕФЛ – 2008 САД
  • Основен курс за Воена Полиција во САД – 1995;
  • Напреден курс за Воена Полиција во САД – 1996;
  • Падобрански курс во САД -1996;
  • Специјализиран курс за англиски јазик во САД -1996;
  • Основен медицински курс за специјални сили и операции САД/АРМ, Скопје – 1996 година;
  • Курс за борба против тероризмот и илегалната трговија со дрога, Анкара, Р. Турција – 2002 година;
  • Стратегиски здружен разузнавачки курс, ДИА – Вашингтон ДЦ, САД – 2002;
  • Студии за безбедност и тероризам, Европски центар за безбедносни студии – “George C. Marshal”-2005;
  • НАТО курс за борба против тероризмот, Оберамергау , Германија – 2007;
  • Разузнавање во борба против тероризмот, Загреб, Хрватска – 2007;
  • Организациски и психолошки профил на тероризмот (Organizational and psychological profile of terrorism) – 2007
  • Курс за стратегиско планирање – 2007;
  • Разузнавачка соработка во меѓународни мултифункционални мисии – (Information and Intelligence Cooperation in Multifunctional International operations), Шведска-2008;
  • Во текот на 2006 година 4 месеци стажирал во Мисијата на Република Македонија во НАТО, Брисел , Кралство Белгија.
  • 2012 година Борба против бунтовници

struktura J-5

Мисија

  • Ги определува потребите и приоритетите за воено планирање на силите, нивната организациско – формациска структура, капацитетите и способностите, интеграција, развој и модернизација за постигнување на способности на АРМ за водење вооружена борба и други дејствија за остварување на уставната функција за одбрана на Република Македонија, како и учество во поддршка на други државни органи во отстранување на последиците во вонредна и кризна состојба

Задачи

  • Стратегиска анализа на безбедносното опкружување и неговото влијание на военото планирање и развојот на Стратегијата за одбрана, доктрината и концептите на АРМ,
  • Изработка на долгорочни, среднорочни и краткорочни планови, соодветни анализи и стратегиски документи за работа и функционирање на АРМ,
  • Учество во планирањето на операции на АРМ за одбрана на Р. Македонија, за поддршка на МВР во обезбедување на државната граница, справувањето со асиметричните закани и тероризмот и поддршка на локалната самоуправа во заштита на критичната инфраструктура и справувањето со последиците од разни катастрофи,
  • Определување на потребите и приоритетите за планирање на силите, капацитети и способностите и изработка на организациско – формациската структура и формациите на ГШ и командите и единиците на АРМ,
  • Функционална анализа на структурата, ефикасноста и одржливоста на силите и способностите како и идните потреби на АРМ (доктрина, организација, персонал, опремување, обука, логистичка поддршка, инфраструктура и ресурси) за остварување на интероперативноста и компатибилноста со НАТО,
  • Координација на интеграцијата на силите и капацитети во структурата на АРМ и дефинирање на потребите од промени во структурата на силите,
  • Изработка на прегледи на одбранбени способности, анализи и известувања за ПАРП како и ГНПЧ во НАТО во делот на АРМ,

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail