Вести

Visit by Minister Besimi of the Republic of ItalyVizitë e ministrit Besimi në Republikën e ItalisëПосета на министерот Бесими на Република Италија

Посета на министерот Бесими на Република Италија

Денеска министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, оствари работната посета на Република Италија при што реализираше средба со министерот за одбрана на Република Италија, Џанпаоло Ди Паола и со началникот на Генералштабот на армијата на Италија, Биаџо Абрате. Имено, на средбата на министерот Бесими со министерот Ди Паола, беше потврдена отворената поддршка на […]

Minister Besimi visited the Kingdom of DenmarkVizitë e ministrit Besimi në Mbretërinë e DanimarkësПосета на министерот Бесими на Кралството Данска

Посета на министерот Бесими на Кралството Данска

Евроатланските интеграции како стратегиска определба на Република Македонија, потоа реформите во исполнување на стандардите на Алијансата со цел креирање постабилен регион, и поддршката од Данска на меѓународен план за забрзување на процесот за наше членство во НАТО, беа во врвот на агендата на средбата на министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, со неговиот […]

Handover of duty Commander of the 1st Mechanized Infantry BrigadeMarrja e detyrës komandant i b1kmПрием на должност командант на 1.мпбр

Прием на должност командант на 1.мпбр

Денес 23-ти март 2012 година (петок), во касарната ,,Јане Сандански“ во Штип, ќе се одржи свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на 1. механизирана пешадиска бригада (мпбр). Дожноста командант на 1.мпбр од бригадниот генерал Димче Петровски ќе ја преземе полковникот Стојан Димчов кој досега ја извршуваше должноста началник на штаб во Здружената оперативна команда […]

Briefing of Minister Besimi with media representativesBrifing i ministrit Besimi me përfaqësuesit e mediumeveБрифинг на министерот Бесими со претставници на медиумите

Брифинг на министерот Бесими со претставници на медиумите

Министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими денеска одржа неформален брифинг со претставниците на медиумите на кој информираше за реализираните и за предвидените активности на Министерството за одбрана во наредниот период. Во тој контекст министерот Бесими ги спомена посетите и средбите со колегите од министерствата за одбрана на земјите во регионот, потоа посетите на […]

Volleyball Competition with the Association of Defence Attaches accredited in the Republic of MacedoniaНатпревар во одбојка со асоцијата на воени аташеа акредитирани во Република Македонија

Натпревар во одбојка со асоцијата на воени аташеа акредитирани во Република Македонија

Денес 22-ри март 2012 година (четврток), во спортската сала во касарната ,,Илинден“ во Скопје, се одиграа натпревари во одбојка помеѓу екипите на Министерството за одбрана (МО), Генералштабот (ГШ) на АРМ и асоцијацијата на воените аташеа акредитирани во Република Македонија. Победник на мини-турнуирот во одбојка е екипата на ГШ на АРМ која екипата на воените аташеа […]

Minister Besimi met with the delegation from the Republic of ItalyTakim i Ministrit Besimi me delegacion nga Republika e ItalisëСредба на министерот Бесими со делегација од Република Италија

Средба на министерот Бесими со делегација од Република Италија

Министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, денеска се сретна со делегација од Република Италија, предводена од адмиралот Паоло Сандали, заменик-началник на Секторот за планови и политика на италијанскиот Генералштаб. Притоа, на средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу двете министерства и армии, а воедно од страна на министерот Бесими беше истакнато значењето на поддршката […]

Visit of the ARM by the Commander of the Vermont National Guard of the USAVizitë e ARM-së  nga ana e  Komandantit të Gardës Kombëtare të Vermontit të SHBA-veПосета на АРМ од страна на Командантот на Националната Гарда на Вермонт од САД

Посета на АРМ од страна на Командантот на Националната Гарда на Вермонт од САД

Од денес, во тридневна официјална посета на АРМ претстојува висока делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД Вермонт, предводена од командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Мајкл Дуби, на кого официјален домаќин  му е началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески. Целта на посетата на АРМ од страна на командантот на […]

Meeting of Minister Besimi with a senior military delegation from the Republic of TurkeyTakim  i ministrit Besimi me delegacion e lartë ushtarak nga Republika e   TurqisëСредба на министерот Бесими со висока воена делегација од Република Турција

Средба на министерот Бесими со висока воена делегација од Република Турција

Потврда на одличната соработка помеѓу Република Македонија и Република Турција во сите области, а особено во областа на одбраната и безбедноста е епилогот од денешната средба на министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, со висока воена делегација од Министерството за национална одбрана на Република Турција, предводена од генерал-мајор Фахри Кир, која во периодот […]

Appointment of officers in accordance with the new ARM organization and formation structureVendosje e oficerëve sipas strukturës së re organizative të ARM-sëПоставување на старешини согласно новата организациско-формациска структура на АРМ

Поставување на старешини согласно новата организациско-формациска структура на АРМ

Со Указ на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, а согласно новата организациско-формациска структура на АРМ поставени се следните старешини: -         за Директор на ГШ на АРМ – бригаден генерал Димче Петровски, -         за Командант на Здружената оперативна команда – бригаден генерал Методија Величковски, -         за Началник на […]

The fifth ARM Cross-country Competition has been held in the Veles garrisonU mbajt gara e pestë me radhë në kros –kantri  i ARM-së në garnizonin e Velesit  Одржано петтото првенство во крос-кантри на АРМ во гарнизонот Велес

Одржано петтото првенство во крос-кантри на АРМ во гарнизонот Велес

Денес (15-ти март) во касарната ,,Алекса Демниевски – Бауман“ во Велес, во организација на Генералштабот на АРМ се одржа петтото првенство во  крос-кантри трчање на АРМ. Кросот се одржа на посебно уредена патека во касарната во гарнизонот Велес, а се трчаше на 12 km во машка и на 5 km во женска конкуренција,  каде настапуваа […]

Meeting of Minister Besimi with the Commander of Allied Command for Operations, Admiral StavridisTakim i ministrit Besimi me komandantin e Komandës së bashkuar për operacione, admiralin StavridisСредба на министерот Бесими со командантот на Сојузничката команда за операции, адмиралот Ставридис

Средба на министерот Бесими со командантот на Сојузничката команда за операции, адмиралот Ставридис

Реформите во областа на одбраната, регионалната соработка, новата структура и формација на Армијата на Република Македонија, исполнувањето на партнерските цели на среднорочен и долгорочен план, буџетот, како и напорите за модернизација на одбраната беа темите на кои се фокусираа министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, и адмиралот Џејмс Ставридис, Командант на Сојузничката Команда […]

Meeting of Minister Besimi with a delegation from the Republic of Turkey, led by Brigade General IŞLEYENTakim i ministrit  Besimi me delegacion nga Republika e Turqisë, i kryesuar nga gjeneral brigade IshlejenСредба на министерот Бесими со делегација од Република Турција, предводена од бригадниот генерал Ишлејен

Средба на министерот Бесими со делегација од Република Турција, предводена од бригадниот генерал Ишлејен

„Република Македонија и Република Турција имаат одлична соработка во сите сфери на општеството, а особено во областа на одбраната“, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, на денешната средба со делегација од Република Турција, предводена од бригадниот генерал Али Шахин Ишлејен која ќе присуствува на утрешната свеченост по повод 113. години од дипломирањето […]