Вести

International Exercise for a Mountaineering TeamМеѓународна вежба на алпинистички тим

Меѓународна вежба на алпинистички тим

Утре, 21-ви септември 2011 година со почеток во 12.00 часот на полигонот за алпинистичка обука кај Демир Капија, ќе се одржи меѓународна показна вежба ,,Пребарување и спасување на повредени лица на непристапен терен и планински простор“, во организација на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ. На вежбата покрај алпинистичкиот тим од пСО, ќе учествува […]

Visit by the Commander of the Vermont National Guard, Major General Michael DubieVizitë e komandantit të GN të Vermontit gjeneral-major Majkëll DubiПосета на командантот на НГ на Вермонт генерал-мајор Мајкл Дуби

Посета на командантот на НГ на Вермонт генерал-мајор Мајкл Дуби

Од вчера, во тридневна официјална посета на АРМ претстојува висока делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД Вермонт, предводена од командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Мајкл Дуби, на кого официјален домаќин му е началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески. Целта на посетата на АРМ од страна на командантот на […]

The Minister of Defence Fatmir Besimi held a meeting with the Ambassador of Slovenia in the Republic of Macedonia, H.E. Alain BergantMinistri i Mbrojtjes Fatmir Besimi realizoi takim me Ambasadorin e Sllovenisë në RM, H.E e tij Allan BergantМинистерот за одбрана Фатмир Бесими оствари средба со Амбасадорот на Словенија во РМ, Н.Е Алан Бергант

Министерот за одбрана Фатмир Бесими оствари средба со Амбасадорот на Словенија во РМ, Н.Е Алан Бергант

Денес, во просториите на Министерството за одбрана на Република Македонија се реализираше средба меѓу министерот за одбрана на РМ, г-дин Фатмир Бесими и Амбасадорот на Словенија во РМ, Н.Е Алан Бергант. За време на средбата од страна на министерот Бесими беше упатена голема благодарност за огромната поддршка на Словенија како и задоволство од досегашната одлична […]

Recognitions for Macedonian peacekeepers in AfghanistanПризнанија за македонските мировници во Авганистан

Признанија за македонските мировници во Авганистан

Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска во Штип најави дека војниците кои учествуваа во одбраната на командата на мисијата ИСАФ во Кабул ќе бидат наградени и ќе им се оддаде посебно признание. – Иницијативата за оддавање признание и наградување на припадниците на мировната мисија ИСАФ од нашата армија е заедничка со претседателот на Македонија како […]

Трет уписен рок за прием на кандидати за запишување на студенти-питомци на прв циклус на студии на Воената академија-Скопје во учебната 2011/2012 година според Конкурсот објавен на ден 30.07.2011 година

Ве известуваме дека:
1. Одбрана (офицери) – има 11 слободни места
2. Заштита и спасување – 3 слободни места
3. Управување со кризи – 2 слободни места
Забелешка:
Документите се поднесуваат на ден 15.09.2011 година до 16:30 часот

Kremtimi i Ditës së b1.mkПрослава на Денот на 1.мпбр

Прослава на Денот на 1.мпбр

На 16 септември (петок) со почеток во 11,00 часот во касарната ,,Јане Сандански“ во Штип, ќе се одржи свеченост по повод Денот на 1. механизирана пешадиска бригада (мпбр)

WITH A MESSAGE FOR PEACEFUL SKIES MINISTER BESIMI OPENED THE FOURTH INTERNATIONAL AIR SHOW IN BITOLAСО ПОРАКА ЗА МИРНО НЕБО МИНИСТЕРОТ БЕСИМИ ГО ОТВОРИ ЧЕТВРТИОТ МЕЃУНАРОДЕН АЕРОМИТИНГ ВО БИТОЛА

СО ПОРАКА ЗА МИРНО НЕБО МИНИСТЕРОТ БЕСИМИ ГО ОТВОРИ ЧЕТВРТИОТ МЕЃУНАРОДЕН АЕРОМИТИНГ ВО БИТОЛА

Денес, во организација на Аеро клубот „Мирко Тодоровски“ на спортскиот аеродром во село Логоварди, Битолско официјално беше отворен 4. Меѓународен аеромитинг кој покрај учесниците од Република Македонија и од седум земји од регионот и од Европа беше збогатен и со еден транспортен хеликоптер Ми-8/17, еден борбен хеликоптер Ми-24 и два школски авиони од типот ЗЛИН […]

Besimi-Bozinovic: The cooperation in the defence sector between Macedonia and Croatia at the highest levelБесими-Божиновиќ: Соработката во одбранбениот сектор меѓу Македонија и Хрватска на највисоко ниво

Бесими-Божиновиќ: Соработката во одбранбениот сектор меѓу Македонија и Хрватска на највисоко ниво

Хрватска и Македонија одржуваат одлични пријателски односи, без отворени прашања. Двете држави тргнаа кон заедничкиот пат и годинава славиме 20 години независност. Во одбранбениот сектор, соработката е на највисоко ниво и има историја со години наназад. Ова беше заклучено на средбата денеска во Загреб меѓу македонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими и неговиот хрватски колега […]

Министерот Бесими ќе го отвори аероминитнгот во Битола со учество на вВИНГ

Утре, 10 септември (сабота) 2011 година, воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) на АРМ ќе учествува на аеромитингот кој ќе се одржи на спортскиот аеродром во село Логоварди кај Битола.

Minister Besimi in a visit of the Macedonian contingent in Camp Butmir in SarajevoМинистерот Бесими во посета на македонскиот контингент во кампот Бутмир во Сараево

Министерот Бесими во посета на македонскиот контингент во кампот Бутмир во Сараево

По повод 8 Септември-Денот на независноста на Република Македонија, министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска во кампот Бутмир во Сараево го посети македонскиот контингент кој учествува во европската мировна мисија ЕУФОР, Алтеа. При посетата на кампот, јави известувачот на МИА, каде беше дочекан на високо ниво со сите почести, Бесими оствари средба со командантот на […]

On the occasion of 20 years independence of the country, the Honour Guards of the ARM in a new, festive uniformГардистите на АРМ по повод 20 години од независноста на државата во нова, празнична униформа

Гардистите на АРМ по повод 20 години од независноста на државата во нова, празнична униформа

Пред објектот „Порта – Македонија“ во Скопје денеска е промовирана новата празнична униформа на гардистите на Армијата на Република Македонија. Униформата која во себе ги содржи сите воени, историски, општествено-политички и етнолошки карактерситсики, гардистите ќе ја носат утре, по повод 20 години од независноста на државата. – Прв пат во АРМ се воведува светска пракса, […]

Pjesmarrja në Kremtimin e 20 vjetorit të Pavarsisë së RMУчество на свеченост за 20 години независност на РМ

Учество на свеченост за 20 години независност на РМ

На Централната свеченост по повод одбележувањето на 20 години од независноста на Република Македонија, што ќе се одржи утре во Скопје, Армијата на Република Македонија ќе учествува со околу осумстотини припадници од повеќе единици. Согласно програмата, на свеченото дефиле, кое ќе се одвива пред Собранието на Република Македонија, АРМ ќе биде претставена со осум ешелони […]