Велика Британија под закана од домашен тероризам

Reports of a van hitting pedestrials at London BridgeСпоред истражувањата и извршените анализи за сторени прекршоци и извршени терористички напади во Велика Британија, во период од 1998 година до 2015 година, домашниот тероризам инспириран од „Исламската држава“ – ИД, останува доминантна закана по националната безбедност. Евидентиран е порастот на мали ќелии и индивидуални напади, кои се одликуваат со пократко време за подгототовка и реализација на нападите и помала можност за нивна идентификација. Исто така, евидентиран е пораст на млади мажи извршители, со британско државјанство, но учеството од страна на британските жени во изминатите години е речиси тројно зголемено. Анализата на стандардните начини на инспирација и радикализација, ги олеснуваат и подржуваат мерките кои се преземаат за ограничен пристап до терористички и насилен-екстремистички материјал на социјалните мрежи. Во овој период (1998-2015г.), идентификувани се 269 терористички напади инспирирани од милитантната исламистичка идеологија. Констатирано е дека повеќето од сторителите биле со седиште во Лондон и Бирмингем, а најголем дел од нив живеат во нивните семејни куќи со родители, браќа и сестри, сопружници и деца. Повеќето од сторителите биле  муслимани, додека секој шести бил преобратен – лице кое ја сменило верата. Три четвртини од сторителите биле претходно познати на безбедносните органи, а една четвртина имале претходно кривична пресуда. Секој петти сторител имал терористичка обука или бил ангажиран во борба во странство пред да биде уапсен. Терористичките напади се извршени од страна на лица на возраст од 14 до 52 години. 46% од нападите извршени помеѓу 2011-2015 година дела биле извршени од лица на возраст под 25 години, мало зголемување за разлика од периодот помеѓу 1998-2010 година кога процентот бил 42%. Најчестата возраст и во двата периоди, е помеѓу 21-24 и 25-29 години. Повеќе од 52% од извршителите се со потекло од Азија, на пример, британско-пакистанско 25% и британско-бангладеш (8%). Другите сторители имале семејни врски со земјите од Африка, Блискиот Исток и на Карибите.Околу 65% од нападите биле извршени од лица кои се родени и воспитувани во Велика Британија, аедна третина се извршени од лица кои се родени надвор од државата.

И во двата периоди, половина од сторителите (50%) се со престојувалиште-дом во Источен Лондон. Нешто повеќе од една четвртина (26%) од лицата кои извршиле терористички напади имаат некоја форма на високото образование. Повеќе од една третина (36%) се образуваат или се на средно ниво, додека за 38% од случаите образованието е неодредено. Речиси половина од сторителите на терористички напади (47%) биле вработени (35%) или студенти (12%). 38% од нападите биле извршени од лица кои се невработени. 9% од нив, се лица ослободени од притвор, лица кои напуштиле полно работно време, образование или се вратени од неколкумесечно патување во странство. 16% од извршителите се поединци кои конвертирале во исламот. За пет лица е потврдено дека конвертирале додека биле во затвор или во казнено – поправна институција за млади. Повеќе од половина (55%) од нападите биле извршени од страна на поединци кој живеат со своето семејство, со својот партнери децата (28%), или живеат во семејниот дом со родители, браќа и сестри (27%).
Во периодот од 1998 до 2015 година поднесени се вкупно 386 кривични пријави, од кој донесени се 264 пресуди. Најчестите кривични деласеподготовка за акти на тероризам, поседување/собирање на информации кои се корисни за извршување тероризам, прибирање финансиски средства, ширење на терористички публикации, заговори за убиство, како и заговориза активирање експлозивни направи и помагање на сторителите.

Целите за напад може да се поделат во четири категории:
– Цивили специјално избрани според одредени карактеристики (раса, сексуална ориентација), верувања (религија), однесување (богохулство или други „престапи“), јавни личности (безбедност и спроведување на законот, државна служба, политичар или член на кралското семејство) и секако цивили кои се настрадани без посебна селекција. Пропорционално, цивилните цели се зголемуваат помеѓу двата временски периоди (од 30% до 40%).
– Критичната инфраструктура – инфраструктурните сектори и институции, претежно превоз, банкарство и финансии.
– Урбани меки цели – области во кои голем број граѓани редовно се собираат за вообичаените активности или посебни настани. Урбаните меки цели се поприсутни во периодот 2011-2015 година (42%), отколку во периодот 1998-2010 година (26%).
– Воени цели во странство (вклучувајќи британски или коалициски сили) и дома (воени бази ивојници). Воените целиисто така беа поприсутни во периодот 2011-2015 година со 31%, отколку во периодот 1998-2010 година со 20%.

Во текот на 2016 година, британската влада објави годишен извештај за борба против тероризмот во кој терористичките напади, одобрени или инспирирани од ИД претставуваат најдоминантна закана занационалната безбедност и нивните интереси во странство. На 29 август 2014 година, заканата од тероризам во Велика Британија се зголеми од „значителна“ (што значи дека постои голема можност за терористички напад), во „веројатна“, што значи дека нападот се смета за реално остварлив. Во ноември 2016 година, генералниот директор на МИ5, изјави дека во претходните три години се спречени12 терористички напади, процент поголем отколку во претходните 30 години и состојба која ја опиша како „загрижувачка и …. трајна“. Заканата од „Ал каеда“ и нејзините филијали, исто така продолжува да се стреми да ги напаѓа западните интереси.

Вклученост на Британците во радикализација и регрутација
Заканата од тероризмот инспириран од милитантниот исламизам не е ограничена само на напади во Велика Британија и нивните интереси во странство. Безбедносните служби потврдија вклученост на Британци во радикализација и регрутација на поединци во терористички активности, нивно вклучување во терористички мрежи, прибирање на финансиски средства за поддршка на тероризмот и помош при упатување на лица за добивање обука во посебни терористички вештини и вклучување во џихадистичките единици ширум светот.

Во 2011 година, со почетокот на конфликтот во Сирија, „Ал каеда“ претрпе две сериозни загуби: од страна на командосите на САД на 2 мај 2011 година беше убиен Бин Ладен и со напад од беспилотни летала на САД во септември 2011 година беше убиени Ал Авлаки. Ајман ал Завахири, наследникот на Бин Ладен оттогаш се бори да ја задржи власта на групата и нејзините филијали. Основањето на „Ал Нусра“ како сириски елемент на „Исламската држава“ во Ирак (ИДИ), наследник на „Aл каеда“, отвори директни судири помеѓу лидерството на „Ал каеда“ и нејзините поранешни франшизи. Во април 2013 година, лидерот на „Ал Нусра“, Мохамед ал Џолани, одби да се потчини на ИДИ и вети верност кон Ал Завахири и „Ал каеда“. Во февруари 2014 година, Завахири и официјално ги прекина линковите на „Ал каеда“ со тогаш познатата „Исламска држава“ во Ирак и Сирија (ИДИС) за подоцна двете групи започнат меѓусебни вооружените судири. Во ривалствотопомеѓу „Ал Нусра“ и ИДИС, многумина од „странските борци“ кои патувале во Сирија се приклучиле кон ИДИС инспирирани од декларација на калифот во јуни 2014 година (и ребрендирање во „Исламска држава“). Во октомври 2016 година, официјалните проценки биле дека до 850 британски исламистички екстремисти отпатувале за Сирија и Ирак да се борат на страната на милитантните групи во земјата. Половина од нив се смета дека оттогаш се вратиле во Велика Британија, а во меѓувреме уште 600 Британци, се спречени да отпатуваат и да се приклучат на милитантните екстремисти.

Повратниците од боиштата се приоритет за безбедност за Западот. Во изминатите годинисе случија неколку напади инспирирани од ИД: во ноември 2015 година, милитанти кои се бореле во Сирија извршија терористички самоубиствени бомбашки напади во Париз, во која загинаа 130 лица, нападот на бриселскиот аеродром и метрото во март 2016 година, при што загинаа 32 лица. Исто така, од напад извршен од страна на индивидуален терорист,кога на 12 јуни 2016 година вооружен напаѓач отвори оган во ноќен клуб во Орландо, Флорида беа убиени 49 лица. Во Јули 2016 година, во Ница, Франција,еден камион беше насочен во народот кој го славеше Денот на Бастилја, 86 лица беа убиени. Имаше голем бројна помали напади, вклучувајќи го и убиството на француски полициски командир и неговата сопруга во јуни 2016 година и францускиот свештеник во јули 2016 година.
Во Велика Британија, според разузнавачко-безбедносните служби главната закана за националната безбедност произлегува од пропагандата и поттикнување на поединци за  извршување на насилни напади, како и повратниците со борбено искуство обучениза извршување на терористички напади од висок профил со масовни жртви. Поради евидентно зголемениот број на исламисти низ Европа, кои произведуваатнестрпливи волонтери за џихад, владите конечно почнаа да го разбирааттоа што умерените муслимани очајно се обидуваат да гоукажатво изминатите години: ненасилниот исламизам не е бедем против насилниот исламизам. Екстремистите не се сојузници во борбата против екстремизмот.

Британската влада ја обнови својата програми за борба против екстремизмот и отсече десетици исламистички групи од нивните извори на финансирање. По 11 септември, Европа научи многу важна лекција за западниот ислам: тоа е мешавина на неколку различни политички и верски секти, која вклучува и насилни и ненасилни екстремисти, а ниту една група не може да ги претставува сите западни муслимани.Цената на изолација на муслиманските заедници од Западните демократски општества, ја плаќаат со десетици илјади млади радикализирани муслимани кои се приклучуваат на терористичките групи во странство. Граѓанските немири се зголемуваат, а Европа откри дека штетните последици од екстремизмот се исто така опасни како самоубиствен акт на тероризмот.

д-р Ненад Танески

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail