ИНФО

DSC_5903Оддавање почит

Со положување на венец со свежо цвеќе пред споменикот кај Катлановско Блаце, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, им оддаде почит на 11-те загинати припадници на Армијата на Република Македонија во хеликоптерската несреќа во 2008 година.
Почит на загинатите им оддадоа и делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Армијата на Република Македонија и членови на семејствата на загинатите. Воедно, на спомен-обележјето пред командата на Воздухопловната бригада во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, венец со свежо цвеќе во името на Министерството за одбрана положи државниот секретар Елизабета Чуповска -Ристова.

Заседание на Воениот комитет на НАТО

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, учествуваше на заседанието на Воениот комитет (ВК) на НАТО во формат на началници на генералштабови на земјите-членки на НАТО и земјите-учеснички во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, кој се одржува во седиштето на НАТО во Брисел.На сесијата за мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан на која НГШ на АРМ имаше свое обраќање, се презентираа најновите информации поврзани со тековната состојба и безбедносната ситуација во Авганистан и плановите за реализација на мисијата со цел давање насоки и препораки за понатамошно дејствување кои ќе се разгледуваат на министерскиот состанок закажан во февруари. Во своето обраќање генералот Величковски ја истакна потполната поддршка на напорите за понатамошниот развој на Авганистан, го претстави актуелното учество на АРМ како партнерска армија во мисијата со 39 свои припадници и ја истакна определбата и остварувањата на плановите во АРМ за полноправното членство во НАТО.

Зајакнување на физичката безбедност на складот „Еребино“

Во складот „Еребино“ со свечена церемонија беше одбележано успешното завршување на проектот „Подигнување на нивото за физичката безбедност на складот Еребино“. Овој проект е реализиран врз основа на воспоставената заемна соработка помеѓу Министерството за одбрана, Армијата на Република Македонија и SEESAC (South East Europe Clearing House for Small Arms and Light Weapons) – Центар за мало и лесно вооружување на земјите од Југоисточна Европа, УНДП и Европската унија. Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, во обраќањето пред присутните истакна дека реализацијата на овој проект е резултат на потребите на МО и АРМ и соработка со УНДП, SEESAC и ЕУ, во насока на реализација на проектите поврзани со Конвенцијата за забрана на касетна муниција. Во оваа прилика тој изрази благодарност до овие организации поради одличната соработка пред и за време на имплементацијата на целиот проект, но и за претходно завршениот проект, а кој се однесуваше на ослободување од резервите на касетна муниција со која располагаше Армијата на Република Македонија.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail