Унапредување на интероперабилноста помеѓу специјалните единици на Република Македонија и на САД

2-3 JPGВо Касарната во Ѓорче Петров се одржа заедничка вежба на припадници од Полкот за специјални операции на АРМ, специјалните единици на МВР и специјалните единици на САД. Оваа вежбовна активност  е прва која се спроведува оваа година според заедничките програми за обука и тренинг на припадниците на Армијата, и е резултат на повеќегодишните активности кои ги имаат РМ и САД на полето на одбраната. На вежбата беа прикажани дел од активностите кои  заеднички ги извежбуваат овие единици.  Истата вежба втора година по ред се одржува заедно и со припадниците на специјалните единици на МВР. Целта на вежбата е унапредување на интероперабилноста помеѓу специјалните сили на Македонија и САД и унапредување на капацитетите на специјалните сили во Р. Македонија. На Денот за високи гости на оваа успешно изведена заедничка вежба присуствуваа министерот за одбрана на Р. Македонија Зоран Јолевски, амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли и високи претставници на АРМ и на МВР.
Министерот Јолевски во своето обраќање упати честитки за успешното одржување на вежбата и истакна дека со поддршка на стратешките партнери, припадниците на АРМ и на МВР се гарант за безбедноста и на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата земја. Тој потенцираше дека и во наредниот период ќе биде ставен приоритет на зајакнување на  капацитетите на Армијата, како со обуки за припадниците, така и со опрема за Полкот за специјални операции и за сите останати единици на АРМ.
Амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли, во своето обраќање истакна дека оваа вежба е дел од заедничките напори на Македонија и САД да се справат со тероризмот и претставува пример за добрата соработка на Армијата на САД со Армијата и Полицијата на Република Македонија.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail