Чешка, првиот оператор на „RBS 70 NG“

a1316cb8c70c4e1c_orgOткако на крајот на октомври беа завршени серија на тестови, Чешка донесе одлука за купување на нов лесен мобилен противвоздушен систем на краток опсег. Станува збор за шведскиот систем „RBS 70 NG“ (Next Generation Robotsystem 70), кој го произведува конзорциум на „Сааб“. Република Чешка ќе биде првиот оператор во овој систем, кој има цел да го замени постоечкиот систем за воздушна одбрана на краток опсег „9K35 Стрела-10M“ (НАТО-ознака „SA-13 Gopher“). Досега не е наведен вкупниот број на лансери и проектили кои Чешка има намера да ги купи, освен податокот дека испораката или опремувањето на чешки војници ќе се врши во две фази. Првата би се спровела од 2018 до 2020 година, а втората од 2020 до 2025 година. Донесувањето на оваа одлука го помогна позитивното искуство кое Чешка го има со системот „RBS 70“, кој е набавен во 2007 година, кога е потпишан договор за 16 лансери „RBS 70“ и 100 проектили. Чешка со нив ја започна замената на нивните системи за воздушна одбрана „9K32M Стрела-2М“ (НАТО СА-7b Граил).

„RBS 70 NG“, како и неговиот претходник, припаѓа во VSHORAD (Very Short Range Air Defence) категоријата Сем-системи со краток опсег. За прв пат системот ѝ беше презентиран на светската јавност за време на Меѓународниот саем на воената индустрија DSEI (Defence & Security Equipment International) во септември 2011 година. „Сааб“, исто така, остана верен и на системот „RBS 70 NG“ со својот ласерски систем на насочување (јавање на ласерскиот зрак), што го прави бесчувствителен за одвлекување на вниманието. Друга карактеристика на „RBS 70 NG“ е новиот систем на термичка обработка на таргетирање со повисока резолуција, која има подобрено време на реакција и следење на повеќе цели во воздух. Исто така, има и подобрен систем со терминал-оператор, подобрено функционирање на системот во автоматскиот и рачниот начин на работа и видеосистем кој овозможува снимање и анализирање на секое ракетно лансирање.

Она што е најквалитетно на системот „RBS 70 NG“ е неговата компатибилност со сите генерации проектили. Меѓу нив посебно е важен проектилот BOLIDE, кој може да брани од широк спектар на најновата генерација на авиони и ракети. Спектарот на BOLIDE изнесува 8.000 метри, а може да нападне цели на надморска височина до 5000 метри, со максимална брзина во два наврати.

(Текстот е преземен и адаптиран од списанието „Хрватски војник“)

Подготвила: Кристина Илиевска

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail