ГОВОР на Н.Е. Зоран Јолевски Министер за одбрана на Република Македонија Министерскиот состанок Central European Defence Cooperation (CEDC) + LBN, MKD, MNE, SRB Defence Ministers Meeting – VIENNA, 31 March to 1 April 2016) Working session ”Refugee crisis – Western Balkan route” Виена, Република Австрија 1 април 2016

Дозволете ми на самиот почеток да се заблaгoдарам на г-дин Hans Peter DOSKOZIL, министер за одбрана и спорт на Република Австрија, за гостопримството и на напорите за организацијата на овој состанок посветен на бегалската криза и балканската рута. Благодарам Ханс Петер за твоето лидерство.

На самиот почеток сакам да ја истакнам благодарноста на Македонија за поддршката што сите вие ни ја дадовте. Ова е доказ дека заедно сме посилни и може подобро да ги заштитиме нашите национални интереси.

Како европски држави треба да го имаме во предвид и фактот дека страдањата на бегалците се големи и тие имаат потреба од хуман третман и почитување на универзалните човекови права. Јас сум често присутен на границата меѓу Македонија и Грција. Неопходно е вложување наголем напор и ресурси за да се излезе во пресрет на нивните потреби.

Безбедноста на земјите од Југоисточна Европа е неделива и тесно поврзана со безбедноста на Европа. Речиси ситеземји од овој регион се соочуваат со слични предизвици, а нивната безбедност е меѓузависна и заемно сме упатени едни на други. Безбедносните предизвици се прелеваат од една земја во друга и истите не можат да се решат без искрена соработка и вложување на големи национални напори.

Во оваа прилика, сакам да истакнам дека Република Македонија со мигрантската криза се справуваше на соодветен начин, државните институции делуваа многу координирано. Но за успехот клучно беше што остваривме добра координација и соработка со вас, земјите на балканската рута.

Ако заеднички не ги координиравме мерките што ги презевамевме можевме да се соочиме со уште поголем предизвик, бидејќи во првите 2 месеци од оваа година, бројот на мигранти кој влезе во Македонија беше 10 пати поголем од оној во првите два месеци во 2015 година.Се рабира дека сеуште мора да работиме на натамошно јакнење на сеопфатен заеднички пристап и решение согласно националните интереси, а воеднопочитувајќи ги универзалнитечовекови праваи слободи.

Горд сум што Македонија со Ваша помош докажа дека е способен партнер на кој може да потпрете. Партнер на кој може да му верувате. Прво, во почетокот на деведестите години, пошрокото меѓународно признавање на моја татковина, а потоа евроаталанстките интегративни процеси се блокирани од јужниот сосед. И зашто, заради името на мојата татковина, имено на мојот народ и името на мојот јазик. Но Република Македонија, иако чека на вратите на ЕУ и НАТО, ги презема обврските како членка на овие сојузи. Ние сега ја бараниме Шенген границата, ние со нашите војници во рамките на Одлучна поддршка и претходно ИСАФ ја браниме слободата, демократијата и морот во Авганистан, заедно со сојузниците да создадеме услови за подобар живот на авганистанците, да не мораат да бараат засолништво делуку од нивните домови, овде во Европа. Ние со нашите економски политики ние придонесуваме за силна економија на Европа. Нашиот економски раст, последниве 10 години постојано беше меѓу 3-те највисоки во Европа, нашиот долг е 2/3 од максимумот што е определен за земјите члнеки на евро-зоната.Тоа е нашитот одговор блокадата од страна на нашиот јужен сосед.

Во понелникот имав вечера во Скопје со еден мој стар пријател, Амин Авад, кој е директор на Бирото за Блиски исток и северна Африка, во Висиониот секретаријат за Бегалци на Обединетите нации. Пријателствто ни датира од 1999 година, кога заедно работевме на косовската бегалска криза. Разговорот беше пријателски, искрен и отворен. Не беше формален, бидејќи не беше формална средба, туку негова приватна посета на Македонија

Во текот на разговорот му поставив повеќе прашања, кои препоставувам и вие би му ги поставиле: „ Колку бегалци ја напуштија сирија, и колку бегалци/миганти очекуваат да дојдат во Европа, и кога овој мигрантски бран ќе запре?“

Вие претпоствувате дека е екстремно тешко да се добие одговор на овие прашања. Амин ми спомена повеќе работи, но во интерс на вашето време и фокус ќе споделам три:
- Прво бев многу пријатно изненаден кога тој посочи дека е потребно да се почне да се работи на план за рептатријација. Ќе треба време за да се создадат услови за имплементација на ваков план, но за прв пат по започнување на сириската криза Амин да го спомене зборот репатријација;
- Второ, негова проценка е дека драмитичниот бран на мигранти кон Европа, е поврзан меѓу другото и со недостаток на финансиски средства за бегалците/мигрантите. Како што кажа. UNHCR оценува дека има седум причини зашто бегалците/мигрантите ги напуштаат земјите кои се непосредни соседи. Тие се: губење надеж дека ќе има политичко решение на кинфликтот; чуство на небезбедност и ранливост; зголемување на сиромаштијата во земјите каде прво добиле азил; лимитирани можности за живеење и невработеноста; недоволна помош; потешкотии да добијат легален престој; и лимитирани можности за образование. Тој ми спомена доколку се обезбеди зголемено финансирање на хуманитарните организации може да помогне да се стабилизираат, намалат мигрантските бранови, така да бигалците можеби ќe проценат дека ќе имаат иднина и во земите каде прво добиле азил, додека се создадат услови да се вратат дома. Искуството покажува дека е многу поголема веројатноста да се вратат во своите домови, се разбира откога ќе се создадат безбедносни услови, е доколку мигрантите се во земјите кои се непосредни соседи на земјата од која потекнуваат. Штом ќе дојдат во Европа, веројатноста да се вратат во нивните домови е многу мала. Не треба да заборавиме дека повеќето од мигрантите кои доаѓаат во Европа се најобразованиот и најквалитетниот дел од работоспособното население во земјите од кои доаѓаат. Ова е загуба и за земјите од кои потекнуваат, односно Сирија. Ирак, Авганистан и др.
- И трето, просечна бегалска криза трае многу години. Иако некои имаат импресија дека бегласката криза трае 6 месеци или година, всушност треба да поминат повеќе години додека раселените лица се вратат дома.

Зошто ова го споменав. На нас, на Европа и треба сеопфатна стратегија за надминување на преизвиците кои произлегуваат од најголемата криза по II светска војна. Во оваа старегија треба да ја вклучи Европа, вклучувајќи ги тука и земјите кои не се членки на Европската унија, како што е мојата, Црна Гора, Србија и другите. Треба да ја вклучи и Турција. Стратегијата треба да даде одговор како да се стаблизира ситуацијата во Сирија и Ирак.

Ние усепавме да ја затвориме т.н. балканска рута. Но за да постигнатиот резултат биде оддржлив, треба да покажеме дека сме одлучни и истрајни во нашите намери. Паралено треба да работиме на создавање на услови за бегалците да останат во земјите во непосредно соседство каде станале азиланти. И што е најважно треба заедно со целата меѓународна заедница да работиме креирање на безбедносни услови за враќање во нивните домови, поддржан со робусен план за обнова на разрушените подрачја, обезбедување на услови за нивна егзистанција во нивните татковини.
Затоа уште еднаш сакам да се заблагодарам на нашите домаќини, особено на нашиот драг колега Ханс Петар.

Благодарам

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail