Обраќање на НГШ на АРМ на научно-стручна конференција „Процес на планирање и донесување на одлуки и современи операции: Каде сме денес? А каде треба да бидеме утре“ во Дом на АРМ на 14.05.2012

Почитуван господине министер за одбрана,

Почитувана госпоѓо министер за внатрешни работи,

Господа генерали,

Претставници на медиумите,

Драги гости,

Со денешнава научна-стручна конференција е  опфатена една  важна тема со која воените лидери се бават исто онолку, колку што и постои науката за војната.

Денешниот современ свет се карактеризира со брзи комплексни и динамични промени и се соочува со нови асиметрични закани и ризици кои се во пораст како: тероризмот, транснационалниот организиран криминал, пролиферацијата на оружје за масовно оружје, верски радикализам и екстремизам, илегална миграција и компјутерски напади.

Но исто така предизвиците како енергатската зависност  и климатските промени,  може да имаaт негативно влијание на националната и меѓународната безбедност.

Имаќи предвид дека вооружените сили сами не можат да ги решат конфликтите и кризите планирањето на современите операции е предизвик како за цивилните така и за воените структури.

Од оваа причина основниот концепт  за опертивно плaнирање (ОКОП) е заменет со концепт за сеопфатно оперативно планирање(КСОП) .

Основната разлика помеѓу oвие концепти е што основниот концепт опфаќа само воен аспект и актери додека КСОП покрај воените ги опфаќа и цивилните структури (ОН, ЕУ, меѓународни и други невладини организации) и други аспекти.

Планирањето на операциите претставува оперативна уметност  со која треба да се предвидат целите ,начините и средствата за изведувње .Оваа уметност е носител на операцијата  која стратегиските цели треба да ги претвори во тактички задачи на командантите.

Почитувани,

Доброто планирање на операциите низ своите фази( Ситуација,Опративно одобрување и проценка на опциите,Оперативна ориентација,Оперативен развој на оперативен коцепт на операции, Развој на оперативен план,Проценка,Транзиција) е половина успех во остварување  на саканата цел , додека другата половина припаѓа на правилната одлука на командантот за изведување на операциите низ сите свои фази (чекори) од приемот на мисијата до донесување на наредба.

Процесот на донесување на воени одлуки, е единственото средство кое стои на располагање и кое им помага на командантите и штабовите да ги предвидат и донесат решенијата за правилно и успешно функционирање на воената организација и правилно ангажирање на единиците. Тој истовремено претставува и начин на остварување на целите, низ еден сложен, динамичен и синергичен процес преку кој  штабовите и единиците се подготвуваат за правилно, навремено и ефективно преточување на планираното во пракса. Тоа значи дека со реализирањето на овој процес се решаваат тековните проблеми, но и оние кои дополнително ќе се појават на бојното поле и надвор од него.

Бидеќи процесот на донесување на воени одлуки претставува база врз која се заснова временски ограниченото планирање и кое се темели врз взаемни, стручни и интерродовски анализи и заклучоци, од нас бара да му пријдеме сериозно и како на еден од главните предуслови за постигнување на интероперабилност, особено во планирањето и изведувањето на здружените операции.

Покрај останатото,  процесот на планирање и донесување на одлуки при справување со новите безбедносни предизвици и загрозувања  бараат од нас  брзина, мудрост, знаење, техничка подршка.

Верувам дека денешнава стручна конференција нема да биде единствена од овој вид и дека со научните погледи, како на експертите, така и на оние кои се дел од научно-наставниот процес, ќе дадат соодветен и конкретен придонес кон воената мисла и одбраната воопшто. Ова е идеална прилика да ги согледаме евентуалните недостатоци и потреби за надоградување на воспоставениот процес на донесување на одлуки, кој секако мора да биде во спрега со военото планирање, кое во иднина ќе добие нова димензија.

Ви посакувам успешна и плодна работа, со очекување дека после овој научен собир Министерството за одбрана и АРМ ќе можат да го согледаат модерниот пристап кон донесувањето на воени одлуки, кој ќе претставува одговор на новото време и современите безбедносни предизвици.

Благодарам!

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail