Г О В О Р на Н.Е., Зоран Јолевски, Министер за одбрана на Република Македонија по повод денот на НАТО “4. април“, 04. април 2017 година, во домот на АРМ Скопје

Почитувани,

Дозволете ми на самиот почеток да му се заблагодарам на Евро-атлантскиот совет на Република Македонија за организација на оваа конференција, посветена на 4-ти април, денот кога пред 68 години беше формирана Северно-атланската Алијанса.
Воедно сакам да напоменам дека соработката меѓу Министерството за одбрана и Евро-атлантскиот совет прерасна во традиција и верувам дека истата ќе продолжи и во иднина.
Евро-атланските совети во земјите члнеки на НАТО, како и во земјите аспиранти за членство во НАТО играат мошне значајна улога во трансмисијата на вредностите на НАТО во општеството, во иницирање на дискусија за значјани прашања за евроатлантското семејство и се мошне значајни. Тие се уникатно место каде се разменуваат мислења, се дискутираат значајни прашања на претставници на државните инситуции, академските инистутуции, тинк тенк заедницата, медиумите и обичните граѓани.
Јас ја имав честа пред моето заминување за амбасадор во САД кратко време, 6 месеци да бидам член на претседателство на Атлантскиот совет на Македонија. Додека бев амбасадор во Вашингтон, Атланскиот совет на САД беше место кое редовно го посетував за дискусија за значајни прашања од безбедноста, но и за мене како претставник на Македонија, беше место каде можев да ги презентирам аргументите пред лицата кои ностат одлуки и лицата кои го создаваат мнениото во општеството по одередени прашања.

Почитувани,

Улогата на Северно-атланската алијанса денес е многу важна во зачувувањето на светскиот мир, унапредувањето на односите меѓу народите, спречувањето на војните, унапредувањето на човековите права, родовата еднаквост, како и во развојот на државите. Денска, евро-атланстакта заедниза се соочува со поразлични и нов тип на закани и предизвици. Тероризмот, хибрдната војна, сјабер напададите, илегалната миграција, климатските промени бараат нашите инситуции и НАТО да усвојат стратегиска рамка, слика која ќе има поглед од 360°. НАТО членките, но и партнерите треба да се прилагодат на овие промени, да изградат соодветни стратегии, инструменти и капацитети за справување со ове закани.
Како што кажав на Безбедсниот форум во Вротлцав пред две години, потребна ни е визија со сеопфатна стратегија за справување со ове закани.
Иако природата на заканите со кои се соочуваат земјите – членки и начинот на кој НАТО се справува со нив се менуваат, основните начела на соработка во рамките на Алијансата се придржуваат на принципите на Вашингтонскиот договор. Принципот на колективната одбрана е суштината на основачкиот договор, како обединувачки принцип за изградба на националните одбранбени способности, соработка и придонес во меѓународните операции.
Евроатлантските интеграции и перспективата за членство во НАТО алијансата и Европската унија се инспирација за реформите кои земјите од Источна, Централна и Југоисточна Европа ги преземаа од 90-тите години наваму. Како што на сите Ви е познато евроатланската интеграција е приоритет на Република Македонија, и ние сме определени да продолжиме на тој пат. Многупати сум кажал, а сега ќе повторам уште еднаш, реформите што ги правиме ги правиме пред се за нас, да имаме посилна Македонија, посилно општество, посилна економија, и се разбира послна одбрана. Паралено овие реформи ги правиме и за да станеме дел од евроалтанскато семејство. Тоа се два паралени процеси, кои се комплементарни и се надополнуваат. Така е и со нашето учество во НАТО мисијата во Авганистан, во ЕУ мисијата во Босна и Херцеговина, ОН мисијата Алтеа во Либан, и логистичката поддршка на КФОР. Ние придонесуваме кон овие мировни мисии, но паралелно и наште војници и офицери добиваат непроценето искуство и обука од учеството во овие мисии.
Долгогодишната сеопфатна соработка на Република Македонија со земјите членки на северо-атланската алијанса, долгогодишниот придонес во операциите предводени од НАТО, како и нашата вклученост во партнерските механизми од 1995 година до денес, придонесе за значаен напредок во спроведувањето на одбранбените реформи, од зајакнување на нашите одбранбени способности и капацитети, до наш придонес во меѓународните операции, како и за унапредување на меѓународната одбранбена соработка. Процесот на реформи во полето на одбраната продолжува, а одбранбените способности постојано се унапредуваат и развиваат во правец на извршување на стратегиските мисии.

Последниот циклус на трансформација на Армијата на Република Македонија (кој започна на почетокот од 2012 година), беше темелно планиран и во тесна соработка со НАТО и стратегискиот партнер САД.
Изградивме Армија достојна за почит, Армија која е подготвена во секое време да ги исполни своите уставни функции. Успеавме АРМ да ја направиме високо професионална, ефикасна, интероперабилна и компатибилна со највисоките стандарди на НАТО. Армијата на Република Македонија ја постигна потребната интероперативност и ги исполни неопходните критериуми за членство во НАТО.
Ние сме свесни дека модернизацијата на опремата на АРМ претставува императив за натамошен развој на одбранбените способности. Во 2014 година започнавме интензивен процес на модернизација и во наредните 12 години ќе инвестираме 316 милиони евра. Резултатите од тоа се веќе видливи – во тек е набавка на нова опрема во согласност со НАТО стандардите за припадниците на Полкот за специјални операции, два од хеликоптерите на АРМ се ставени во функција по извршениот ремонт. Очекуваме кон средината на оваа година оперативни да бидат и некои од хеликоптерите кои веќе се во фаза на ремонт. Оваа година повеќе од 20% од средствата ќе бидат издвоени за модернизација.

Дами и господа

Придонесот кон регионалната и евроатлантската безбедност и стабилност беше и ќе биде највисок приоритет во одбранбениот сектор. Во таа насока, почнувајќи од 2002 година, Република Македонија во мировни м исии има распоредено повеќе од 3.800 лица воен персонал, што претставува околу 50% од вкупниот персонал на копнената структура на АРМ.
Република Македонија согласно на стратешките определби за членство во ЕУ и НАТО, ќе продолжи со придонесот и учеството во меѓународните мировни и хуманитарни операции предводените од ЕУ, НАТО и ООН

Уште повеќе, АРМ даде голем придонес во спроведување со бегалската и мигрантска криза во текот на 2015 и 2016 година.
Република Македонија и Министерството за одбрана даваат посебно значење на регионаланта соработка. Последниве неколку години се етаблиравме како лидери во регионалната соработка во областа на одбраната. Така минатата година беше донесена одлука седиштетот на Командата на SEEBRIG – Бригадата за југоисточна Европа од 2020 до 2027 година да биде стационирано во Македонија. Минатата година во Скопје беше отворено седиштето на Балканските наменски медицински сили, што е прва регионална организација со постојано седиште во Македонија. Повеќе години функционира Регионалниот центар за односи со јавноста, како партнерски центар на НАТО. Војната академија добива регионален каракер, скоро 1/3 од питомците се од регионот.
Оваа недела во Охрид, во рамките на програмата на НАТО наука за мир, во организација на Воената Академија Генерал Михајло Апостолски, и Бугарската акдемија на науките се организира регионална напредната школа посветена на борбата против ИСИС преку сајбер-просторот на која присистуваат екссперти од целиот регион, а има предавачи од САД, Израел, Турција и други НАТО земји.
Годинава Македонија претседава со А-5. Во рамките на ова претседавање ние ќе предложиме иницијави како соработката на А-5 може да се искористи за посилно координирање на регионалните центри за обука, како и да се испита можноста А-5 да се користи за заедничко упатување на мировници во мисии на ООН и сл.

Почитувани,

Гледано од перспектива на Република Македонија, НАТО е клучниот столб на современата евроатланска безбедносна архитектура,

Во оваа прилика би сакал и да ја потенцирам важноста на политиката на „отворена врата“ и значењето на соработката на НАТО со партнерските земји, која се темели на заеднички вредности и има за цел промовирање на соработката, довербата и стабилноста, како и зголемување на капацитетите на земјите-членки и партнерите за справување со новите безбедносни предизвици.

Дозволете ми на крајот моево обраќање да го завршам со јасна и недвосмислена порака дека Република Македонија ќе остане цврсто посветена на унапредување на регионалната соработка, на зајакнување на безбедноста и стабилноста, како и на размената на искуства и ќе продолжи континуирано да дава значаен придонес кон евроатланската безбедност и стабилност.

Во тој контекст би сакал да го изразам сопственото убедување дека нашите напори ќе бидат правилно вреднувани и валоризирани, односно дека Република Македонија ќе го добие одамна заслуженото место во евроатланското семејство.

Ви благодарам.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail